fbpx

Ми умре на роденденот: Девојче почина во сон, таткото тврди дека е од корона

Деветгодишно девојче од Тексас почина на татковиот роденден, три дена откако добила позитивен тест на коронавирус.

Мекензи Гонгора, како што тврдат нејзините најблиски, немала други здравствени проблеми, освен што била поситна од нејзините врсници.

Откако ѝ бил дијагностициран вирусот, повраќала и се жалела на главоболка. Три дена подоцна делувала подобро, но се жалела на замор. Наредното утро мајка ѝ не можела да ја разбуди. Починала во сон, пишува „Мирор“.

Нејзината мајка Кристл, инаку медицински работник, се консултирала со колегите кои ѝ рекле да ја прати состојбата на своето дете и постојано да ѝ мери температура.

– Кензи немаше респираторни проблеми, ништо значително не се случи. Сите симптоми беа во блага форма – вели Викторија Саутварк, тетка на починатото девојче.

Телото е предадено на обдукција, но се’ уште нема потврда дали причината за смртта е коронавирусот. Иако се’ уште не го добиле извештајот од патолог, семејството е уверено дека нивното чедо починало од Ковид-19.

– Трагедија не снајде. Ми умре девојчето баш на мојот роденден. Позитивни сме и јас и другата ќерка и моментално сите сме во карантин – изјавил таткото на Мекензи скршен од болка.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дебела, грдотија.. Ивона со силна порака за сите жени

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ која лани по речиси цели пет години се фотографираше во костим за капење, сега повторно испрати силна порака со неколку фотографии. Јовановиќ која денес има над 25 илјади следбеници на „Инстаграм“ во минатото често добивала погрдни зборови за тоа како изгледа, но сега делува […]