fbpx

Денес ја погребавме мама, ја заразија каде одеше да преживее: Нина удри по несовесниот персонал на Нефрологија

Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид. Цела година ја пазевме, бидејќи е во најризичната група (20 години оди на дијализа бидејќи нема бубрези, пред 4 години преживеа рак, а пред 2 години имаше тешка операција на срце), внуците цела година си ги гледаше на вибер. Знаевме дека допир со вирусов за неа е смртна пресуда.

Во последен миг ме тргнаа од респиратор: Ана (20) со драматична исповед

На крај ја заразија таму каде што одеше секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немаше да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на Нефрологија.

Мене мајка ми нема никој да ми ја врати, ама сакав само да дадам ете еден мал придонес во истрагата. Пред да се зарази мајка ми читав дека ќе истражувале како се направил кластер, сега веќе не сум во тек што се случува и до каде е „истрагата“.

Ангелу мој, оди горе и чувај нè: Бранкица неутешна, синчето на осум месеци остана без татко

Знам дека никој нема да сноси последици како што никој за ништо не одговара во оваа држава, но морав да го напишам ова и да излезе од мене и конечно да ѝ кажам на мајка ми да почива во мир, сигурно е сега на поубаво место каде што веќе не ја боли ништо.

Фејсбук-статус на Нина Стојановиќ

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Како да се близначки: Запознајте ја сестрата на Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ важи за една од најпопуларните пејачки на овие простори. Иако со децении е на естрадата, малкумина знаат како изгледа нејзиното семејство. Драгана во една прилика на својот профил на „Инстаграм“ ѝ честиташе роденден на сестра си со интересна фотографија. Фановие заклучија дека премногу си личат како да се […]