Ненадејната смрт на српскиот актер Горан Даничиќ (58) ги вознемири неговите колеги.
„Само да знаете, овој човек беше вистински господин“, напиша на „Твитер“ театарскиот актер Стефан Бундало.
Од Горан на социјалните мрежи се прости и неговиот колега Гордан Киќиќ.
„Драг мој другар, збогум“, кратко напиша тој.
Даничиќ е роден на 14 декември 1962 година во Ужице. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ како студент на генерација. Член е на Југословенскиот драмски театар од 1993 година и има изведено повеќе од 50 улоги.
Публиката го памети и по неколку познати филмови и серии, меѓу кои се „Ивкова слава“, „Ние не сме анѓели“ и „Среќни луѓе“.
Беше во брак со Сања Домазет, писателка, драматург и професорка по новинарство.
Фото: Драгана Удовиќиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.