fbpx

Бев гладен, несреќен и депресивен: Исповед на Бојан Маровиќ

Бојан Маровиќ првпат проговори за тешките моменти кои ги преживеал во текот на кариерата.

Малку иронично, но познатиот црногорски пејач сега призна дека најтешко му било на врвот од популарноста кога беше редовен гостин и во македонските кафулиња и дискотеки.

– По фестивалските успеси на „Сунчане скале“ ми се случија големи неправди. Бев млад и неискусен, ме крадеа менаџери, сите пари кои ги заработував си ги зимаа за себе. Никогаш немав толку настапи и концерти како тогаш, а дома се враќав несреќен и депресивен. Често останував гладен додека студирав. Едно време не знаев во кој град легнувам, а во кој се будам – раскажува тој.

Маровиќ открива дека пресуден момент да го промени животот од корен бил оној кога се разбудил со прамени коса во рацете.

– Тогаш ѝ се јавив на мајка ми. Немав повеќе пари и не знаев што понатаму. Се разбира, таа ми помогна да застанам на нозе. Тогаш ја сменив фризурата и одлучив да продолжам по новиот пат. Да работам само онака како што мислам дека треба – искрен е пејачот.

По подолга пауза, тој повторно ѝ се врати на музиката. Во меѓувреме се обиде и како претприемач откако стана партнер во голема фирма која се занимава со увоз на мермер и гранит.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Топи 10 сантиметри за 10 дена: Чудотворен рецепт на славната руска билкарка

Реномираната руска билкарка, д-р Ирина Стефановска, откри револуционерен рецепт кој ги освои жените ширум светот. Благодарение на нејзиниот мелем, дамите топат по еден сантиметар во половината дневно. Убавината на истиот е што е многу едноставен и лесен за подготовка и воопшто не ви се потребни скапи состојки. Тајната е во […]