fbpx

Го однесовме на нозе, ни го дадоа едвај жив: Потресно сведоштво на братот на Ице

Не стивнуваат реакциите по прераната смрт на познатиот саксафонист и мајстор на дувачки инструменти, Ице Атанасовски.

Веста синоќа ги вознемири неговите колеги од естрадата, но и неговите најблиски роднини и пријатели кои денеска цел ден му посветуваа емотивни статуси на социјалните мрежи.

По неговата сопруга Гордана која има сериозни забелешки на начинот на кој бил третиран нејзиниот сопруг во битолската болница, сега се огласи и братот на Атанасовски.

– Мојот брат денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив. Со денови ги молевме да го пуштат во Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале.. Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее.. Па зошто тогаш не се јавија кај колегите во Скопје да кажат каков пациент доаѓа? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите во Скопје мораа да почнат од почеток се’ пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена во Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега?? И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни??? Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот?? – прашува братот на музичарот скршен од болка.

Tе дроби и ти ја убива психата: Лидија од Охрид со потресно обраќање

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Голем предизвик за два знака!

ОВЕН Ве очекуваат позитивни пресврти. Ви се отвора можност за нова врска, бидете внимателни како ќе се однесувате, бидејќи со само еден потег можете сѐ да уништите. Проблеми со здравјето нема да имате. БИК Ќе слушнете нови вести кои ќе бидат пресудни за вашето понатамошно делување на професионален план. Доколку […]