fbpx

Ице почина од системска корона во проклетијава: Сопругата на Атанасовски неутешна

Веста за прераната смрт на македонскиот саксафонист и мајстор на дувачки инструменти, Ице Атанасовски, синоќа ги вознемири неговите колеги од естрадата, но и неговите најблиски роднини и пријатели кои денеска цел ден му посветуваа емотивни статуси на социјалните мрежи.

Сега се огласи и неговата сопруга Гордана. Таа има забелешка на начинот на кој бил третиран нејзиниот сопруг во битолската болница.

– Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замине. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава. Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето, 10 дена некој да венее пред нивните очи, а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, може е нешто плус.. За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита.. Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето, дадоа се’ од себе еден месец, ама не издржа. Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок. И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку. Тоа што го помина ти да не се повтори на никој – вели Атанасовска.

Tе дроби и ти ја убива психата: Лидија од Охрид со потресно обраќање

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го однесовме на нозе, ни го дадоа едвај жив: Потресно сведоштво на братот на Ице

Не стивнуваат реакциите по прераната смрт на познатиот саксафонист и мајстор на дувачки инструменти, Ице Атанасовски. Веста синоќа ги вознемири неговите колеги од естрадата, но и неговите најблиски роднини и пријатели кои денеска цел ден му посветуваа емотивни статуси на социјалните мрежи. По неговата сопруга Гордана која има сериозни забелешки на […]