fbpx

Ова никој не го очекуваше: Нови шокантни сознанија за Веља Невоља

Полицијата дошла до нови шокантни сознанија во истрагата за делувањето на Веља Невоља и неговата криминална банда кои се осомничени за неколку убиства и други сериозни криминални дела.

Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља

Според најновите информации, постојат видео докази на кои првио човек на фудбалскиот клуб Партизан консумира дрога, во случајот кокаин, со првообвинетиот Невоља.

Српските медиуми веќе пишуваа за тајните простории на стадионот каде се пронајдени снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена. Покрај оружјето, пронајдена е и извесна количина на наркотици, како и материјални и биолошки докази за сторени криминални дела.

Десна рака на Веља Невоља: Кој е човекот кој сечел луѓе и ги топел во киселина?

„Курир“ претходно објави и фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле малтретирани жртвите.

Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Вистинска паника владее и во естрадните кругови по апсењето на Невоља. Наводно, во неговиот телефон се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.

И Популарната српска пејачка Ана Николиќ била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Невоља, тврди српски „Курир“.

Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.

Насловна: Танјуг

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Коце удри по Шилегов, па му се пушти Анета Наковска

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски преку статус на социјалните мрежи го прозва актуелниот градоначалник Петре Шилегов. – Жално за Скопје, да немаше градоначалник службите сами ќе го исчистеа снегот. Му оставив професионална и обучена екипа. Снегот се најавуваше пред пет дена и почна да паѓа денеска уште во претпладневните часови, така […]