Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски преку статус на социјалните мрежи го прозва актуелниот градоначалник Петре Шилегов.
– Жално за Скопје, да немаше градоначалник службите сами ќе го исчистеа снегот. Му оставив професионална и обучена екипа. Снегот се најавуваше пред пет дена и почна да паѓа денеска уште во претпладневните часови, така да вечерва не може да кажат дека биле изненадени. Скопје е во хаос поради тотална незаинтересираност и неспособност на Петре – напиша Трајановски на „Фејсбук“.
Под објавата очекувано почнаа да се редат коментари, но нам ни падна во очи оној на македонската пејачка Анета Наковска.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.