Семејство од селото Цапари бара помош, откако вчера околу 17 часот избувнал пожар во нивниот дом.
Пламените јазици брзо се прошириле и ја опожариле целата куќа во која што живее Тане Веловски со неговиот татко. Во моментот на несреќата само синот бил во куќата, информира „Тера.мк“.
Изгорел и кровот во делот кој што бил со греди, а на останатиот дел имало бетонска плоча.
Од фотографиите може да се забележи дека пожарот им ја уништил цела покуќнина, со што сега и двајцата останале без покрив над главата.
Пријавиле во противпожарната единица на Битола, која интервенирала.
Итно им е потребна помош, а средствата можат да се уплатата на следните сметки:
Денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје
290500019985809
Девизна сметка во Комерцијална банка АД Скопје
IBAN: МК07300307066458460
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XBTB
на име Тане Веловски