fbpx

Тајни пораки: Нови неочекувани моменти во истрагата за Веља Невоља

Поминаа две недели од апсењето на Вељко Беливук или Веља Невоља како што го познаваат сите, а медиумите во Србија не престанаа да „копаат“ по неговото минато.

Сега се обидоа да објаснат дали озогласениот криминалец оставал тајни пораки на интернет.

На социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава. На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Невоља и неговите соработници се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ.

Распарчени мртви тела: Нови вознемирувачки детали за Веља Невоља

Секојдневно се објавуваат нови детали од истрагата. Според последните сознанија, телата на жртвите биле распарчувани во викендицата во Ритопек.

Наводно, полицијата успеала на своја страна да придобие двајца од блиските соработници на Невоља кои детално раскажале што се случувало со жртвите. Според нив, во Дунав биле фрлани и важни докази за сторени сериозни криминални дела.

Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља

По апсењето на Невоља, вистинска паника завладеа и во естрадните кругови. Во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија: Почина Горан Јосифовски, остави две малолетни деца

Во тешка сообраќајна незгода почина познатиот тапанар од Битола, Горан Јосифовски, јави музичката телевизија „ИН ТВ“. Од СВР Битола ја потврдија трагедијата. Горан (36) излетал од патот управувајќи патничко возило, а од здобиените повреди починал на самото место. Ја запроси пред полна сала, свадба не дочека: Горан имал големи планови […]