fbpx

Трагедија: Рапер загина во тешка сообраќајка

Американскиот рапер Кечи Д Грејт, чие вистинско име е Џејмон Дејвис, почина денес, информираат странските медиуми.

Популарниот музичар загина во тешка сообраќајна несреќа, потврди неговиот менаџер.

Кечи се прослави како дел од групата Stinc Team. Подоцна објави и соло-албум од кој најпозната е песната If I go broke од 2017 година.

Во 2018 година Кечи беше уапсен поради вандализам и беше осуден на казна затвор од десет месеци. Неколку дена пред смртта, раперот објави нов сингл со Дрејк, темата For Real.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тајни пораки: Нови неочекувани моменти во истрагата за Веља Невоља

Поминаа две недели од апсењето на Вељко Беливук или Веља Невоља како што го познаваат сите, а медиумите во Србија не престанаа да „копаат“ по неговото минато. Сега се обидоа да објаснат дали озогласениот криминалец оставал тајни пораки на интернет. На социјалните мрежи може да се најдат два профила под името […]