Во тешка сообраќајна незгода почина познатиот тапанар од Битола, Горан Јосифовски, јави музичката телевизија „ИН ТВ“.
Од СВР Битола ја потврдија трагедијата. Горан (36) излетал од патот управувајќи патничко возило, а од здобиените повреди починал на самото место.
Ја запроси пред полна сала, свадба не дочека: Горан имал големи планови пред трагедијата
Публиката го знае Јосифовски како поранешен член на „Екстра бенд“. Беше сопруг и татко на две малолетни деца.
Неговиот последен пост на „Фејсбук“ е всушност посвета за неговиот колега, саксафонистот Ице Атанасовски, кој почина пред само пет дена од последици на Ковид-19.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.