Познатата македонска актерка Тања Кочовска-Павловска со оригинална посвета му го честиташе роденденот на синот Александар.
Таа објави две фотографии со него, откри дека наполнил 31 година и го нарече поет.
Александар го доби од првиот брак со колегата Владимир Ендровски-Љац.
Кочовска подоцна се омажи за актерот Предраг Павловски со кого ја има и ќерката Нела.
Во едно интервју од пред неколку години таа откри дека синот завршил факултет за туризам, а дека ќерката тргнала по нејзините стапки.
„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се’ што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, раскажа Кочовска.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.