fbpx

Имав три мозочни удари: Потресна исповед на омилената пејачка

Имав три мозочни удари и инфаркт. Лекарите ми рекоа дека ми остануваат уште десет минути живот, открива популарната пејачка Деми Ловато (28) во документарецот „Танц со ѓаволот“ кој допрва ќе се промовира.

Американските медиуми пишуваат дека омилената пејачка најверојатно се предозирала со хероин. Симболично ја нарекуваат мачка.

– Го живеам деветтиот живот. Имам оштетувања во мозокот и се борам со последиците. Не возам автомобил бидејќи имам проблеми со видот. Но, упорна сум и подготвена сум повторно да се занимавам со тоа што го сакам, а тоа е музиката – порачува Ловато.

Во документарецот се зборува за нејзините напори да се избори со „демоните“, а во истиот гостуваат и нејзините славни пријатели Елтон Џон и Кристина Агилера.

– Поминаа две години откако се соочив со најтемната страна на животот, а сега сум подготвена таа приказна да ја споделам со светот – вели пејачката.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Оригинална посвета: Тања Кочовска го покажа синот

Познатата македонска актерка Тања Кочовска-Павловска со оригинална посвета му го честиташе роденденот на синот Александар. Таа објави две фотографии со него, откри дека наполнил 31 година и го нарече поет. Александар го доби од првиот брак со колегата Владимир Ендровски-Љац. Кочовска подоцна се омажи за актерот Предраг Павловски со кого […]