Мелани, првото дете на Соња и Јохан Тарчуловски, наполни 16 години.
„Среќен роденден, сонце мајкино“, напиша познатата пејачка на „Фејсбук“.
Пред неполни две години Мелани покажа дека талентот за музика го има наследено од својата мајка, кога пред поширок аудиториум во Турција ја отпеа антологиската македонска тема „Македонско девојче“.
Мелани свири и гитара и е ученичка во Државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“.
Соња секогаш со емотивни посвети ѝ го честита роденденот на социјалните мрежи.
– Како да беше вчера кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав првпат. Ти си нашиот живот – напиша таа лани.
Соња и Јохан имаат уште две деца, Младен (12) и Јована (4).
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.