fbpx

Секој ден ја сакаше сѐ повеќе: Љубовната приказна на Балашевиќ

Омилениот кантавтор од поранешните ју-простори, Ѓорѓе Балашевиќ, почина на 67-годишна возраст.

Освен по емотивните стихови сигурно ќе го паметиме и по неговата силна љубов кон сопругата. Беа четири децении во брак и таа е жената која беше негова најголема поддршка, но и инспирација.

– Отсекогаш беше оригинален. Дури и на венчавката се појави во фармерки, со елек и беџ со Мапет – откри Оливера во една прилика.

Таа е поранешна спортистка, врвна гимнастичарка во четири дисциплини. Со Ѓорѓе важеа за една од најхармоничните двојки на српската естрада.

Плод на нивната љубов се трите деца, Јована, Јелена и Алексa. Од 2013 година семејството стана побогато со двете внуки кои ги роди ќерката Јелена.

Фото: Емил Цонкиќ/РАС Србија/Блиц

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неутешна: Се огласи сопругата на Балашевиќ

Фановите, но и неговите колеги од сите поранешни ју-републики денеска цело попладне со емотивни посвети се простуваат од легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина од компликации на Ковид-19 на 67-годишна возраст. Секој ден ја сакаше сѐ повеќе: Љубовната приказна на Балашевиќ Скршена од болка, смртта на неповторливиот музичар ја […]