Во Универзална уште долго некои нови клинци ќе ги изведуваат твоите дела кои ќе сведочат за тоа убаво време што го поминувавме живеејќи со твојата музика. Мирно море и вечна слава!

Ова вечерва на „Фејсбук“ го напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов откако стотици фанови на Ѓорѓе Балашевиќ се собраа пред култниот објект во метрополата и со свеќи, кандилца, срца и пораки се простија од новосадскиот кантавтор.




Шилегов уште вчера покажа дека е голем фан на панонскиот морнар.
„Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А договаравме да ја отвориш Универзална“, напиша тој за Балашевиќ.

Фото: Фејсбук-профил на Петре Шилегов

