fbpx

Сакаа да го убијат: Ќерката на Балашевиќ за смртните закани

Целиот регион тагува по новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 67-годишна возраст од последици на Ковид-19.

Трогателно: Ова биле последните зборови на Балашевиќ!

Медиумите постојано информираат за нови моменти од животот на легендарниот музичар кој освен армија фанови, очигледно имаше и непријатели.

Една од неговите ќерки пред четири години јавно објави дека нејзинот славен татко добивал смртни закани на социјалните мрежи.

Јелена во 2017 година на „Твитер“ го изрази својот бес за целата ситуација и го сподели статусот на човекот кој напиша дека „потребен е куршум во челото на Балашевиќ”.

Секој ден ја сакаше сѐ повеќе: Љубовната приказна на Балашевиќ

– Живееме во држава во која стана нормално да ти се закануваат со смрт и никој ништо да не превземе. Ова е за мојот татко. Тој им е крив – напиша Јелена во таа прилика.

А, токму со неа, Ѓорѓе имаше посебен однос и никогаш не криеше дека еден од најтешките периоди во животот му бил во 1999 година кога таа преживеа тешка сообраќајна несреќа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ни починаа во иста година: Познатите сестри Ана и Катерина искрено за родителите

Сестрите Катерина Тодевска Спасиќ и Ана Тодевска кои македонската публика ги препознава по неколку различни ТВ-проекти, првпат проговорија за семејната трагедија. Докажаните новинарки и водителки ги загубиле родителите за само десет месеци. За „Женски Магазин“ раскажуваат дека оваа болка уште повеќе ги зближила и ги направила посилни. – На душман […]