fbpx

Имам 39 години и сѐ уште сум невина: Неверојатна приказна!

Се вика Кендра и растена е во строго христијанско семејство каде невиноста е виза за првата брачна ноќ. Дури кога се мажи, почнува психолошката борба околу првото сексуално искуство. Вистинскиот предизвик допрва следува. Тој посебен момент конечно доаѓа на дневен ред, но веќе ништо не е како што треба.

Со сопругот имавме обид првпат да спиеме заедно еден ден по свадбата, но не беше како што замислувавме и очекувавме. Бев многу нервозна. Растев во конзервативна средина и сексот беше тема за која моето семејство никогаш не разговараше. Кога конечно дојде тој толку очекуван ден да му се предадам на мојот животен партнер, се чинеше како да имам коска низ која тој не може да помине – раскажува Кендра за „Мирор“.

Таа денес има 39 години и конечно собрала храброст за ова отворено да разговара со нејзината мајка.

Мислеше дека можеби мојот химен е премногу цврст, па ми рече дека морам да се опуштам. Со маж ми со месеци бевме фрустрирани и знаев дека нешто друго е во прашање, но сите едноставно ме советуваа дека треба само да се опуштам – искрена е Кендра.

За проблемот, конечно собрала храброст да поразговара и со макеата на сопругот која, пак, веднаш ја однела на гинеколог. Но, обидот за преглед резултирал со истата реакција како обидот за пенетрација.

Механички ги собрав нозете и ја отргнав докторката велејќи ѝ да не ме допира. Ми рече дека морам да дојдам на уште еден преглед на кој ќе ме успијат за да може убаво да ме прегледа. Имав впечаток дека нема поим со каков проблем се соочувам и дека едноставно ме исмева – раскажува Кендра.

Пред да собере храброст повторно да отиде кај друг гинеколог, поминале уште цели пет години, па проблемот почнал сериозно да влијае на бракот.

Имавме и други проблеми, не само во креветот, но тоа што јас сѐ уште бев невина беше одлучувачки фактор. Мажот почна сериозно да ми забележува, но не е ни чудно што постојано беше фрустриран. Почна дури и да се сомнева дека намерно се воздржувам. По одредено време престанаа сите наши обиди да бидеме интимни, самата атмосфера ми предизвикуваше болка и не ми беше интересно. По 12 години се разведовме – открива Кендра.

Во меѓувреме се обратила кај уште еден гинеколог кој ѝ дијагностицирал вагинизам. Ѝ дошло како некакво олеснување, бидејќи ѝ се потврдило дека не е луда.

Докторката ме утеши дека не сум единствената со оваа дијагноза. Тогаш сѐ уште бев во брак и сопругот ме поддржуваше. Ми беше безрезервна поддршка, особено ако се земе в предвид фактот што 12 години немавме односи. Но, некако преку ноќ почна да го губи трпението, интензивно да ми зборува за деца. Ја разбирав неговата фрустрација , но тоа го доживева како дополнителен притисок. Се обидов да користам појас за истегнување, но не успеав. Немаше корист ниту од оние најмалите кои се како мини тампони. Едноставно не можев, премногу ме болеше – раскажува таа.

Паднала во депресија, како што вели, најмногу од страв дека никогаш нема да има нормален сексуален живот. Признава дека имало денови кога едноставно сакала да умре.

Дури му зборував на маж ми да најде друга жена за да си ги задоволи потребите. Не го сакав тоа, но бев исфрустрирана. Проблемот беше сѐ поприсутен и значително ми падна самодовербата. Не можев да имам односи и да останам бремена. Психичкото здравје ми беше комплетно нарушено. Се чувствував како да не сум вистинска жена – открива Кендра.

По разводот во 2012 година, го запознала своето сегашно момче, Шон кој е една година помлад од неа. Се запознале на интернет. Веднаш по третиот состанок одлучила отворено да разговара со него за вагинизмот.

Ми рече дека не е со мене поради сексот и дека е заинтересиран за врска без предрасуди. Сега живееме заедно и овој месец славиме годишнина – открива Кендра.

Таа тврди дека имаат нормален сексуален живот и дека болеста успела да ја преброди единствено поради трпеливоста на Шон. Во меѓувреме открила вежби кои ѝ помагаат при истегнувањето  на вагиналните мускули, а конечно успеала и со појасот за истегнување.

Го победив непознатото – порачува таа.

Следни Објави

Беше прва старлета во Југославија: Го љубеше Ал Пачино, ниту Бреговиќ не ѝ одолеа!

Таа беше млада девојка од тузланското село Лукавац која стана светски позната, откако успеа да направи интервјуа со дури двајца папи, познати спортисти и политичари. Се шушкаше дека наводно го љубела и Ал Пачино, а не ѝ одолеал ниту Бреговиќ. Дијана Беќировиќ одземаше здив позирајќи на страници што дотогаш беа […]