fbpx

Работев тоа што не смеам: Синот на Балашевиќ сега е голем верник

Татко ми машки се носи со целата ситуација. Тој и онака цел живот живее во некој свој карантин. Нашата куќа е негова планета. Луѓето мислат дека се отселил од Нови Сад пред педесет години.

Ова за својот славен татко Ѓорѓе Балашевиќ го изјави неговиот син Алекса, само неколку дена пред трагедијата која го потресе целиот регион.

Алекса е поранешен борач, а сега организатор на најпознатата регионална ММА (мешавина од боречки вештини) организација „Мегдан“.

Сакаа да го убијат: Ќерката на Балашевиќ за смртните закани

Неодамна се најде во фокусот на медиумите по веридбата со својата долгогодишна девојка Николина. Ја запроси во Назарет со благослов од неговиот духовен водач.

Фото: Нова економија/РАС Србија

– Пред да ја запознаам, духовно бев нестабилен. Мислев дека доволно е што имам грчко име, што мојот прадедо славел за време на комунизмот со отворени прозори и што ќе се помолам пред спиење. Постев со денови, но после мамурлук. Работев и тоа што не смеам. Се’ се промени кога ја сретнав Ника. Беше невина, интелигентна, високо образована, им помагаше на старите, постеше и не пиеше алкохол. Немаше непријатели. Тогаш почнав да се чувствувам уште посилен, бидејќи покрај себе ја имам вистинската личност – раскажа во едно интервју единствениот син на Балашевиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Погребан Балашевиќ: Една порака ќе ве расплаче

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ денеска е погребан на Градските гробишта во Нови Сад, само во присуство на најблиските членови од семејството. Од капелата до гробното место тамбураши ги свиреа неговите песни, а е погребан со нумерата „Оливера“ која ѝ ја посвети на саканата сопруга, информираат српските медиуми. По погребот, фановите […]