fbpx

Беше прва старлета во Југославија: Го љубеше Ал Пачино, ниту Бреговиќ не ѝ одолеа!

Таа беше млада девојка од тузланското село Лукавац која стана светски позната, откако успеа да направи интервјуа со дури двајца папи, познати спортисти и политичари. Се шушкаше дека наводно го љубела и Ал Пачино, а не ѝ одолеал ниту Бреговиќ.

Дијана Беќировиќ одземаше здив позирајќи на страници што дотогаш беа резервирани само за разголени американски девојки.

Своевремено се фотографираше и за „Плејбој“, а медиумите подоцна пишуваа дека таа е првата југословенска старлета.

Манекенската кариера ја започна уште на 14 години, а во осумдесеттите беше секс-симбол во поранешна Југославија.

Оваа Босанка подоцна направи успешна меѓународна кариера работејќи и како новинарка.

Трипати успеа да обезбеди интервју со папата Јован Павле Втори, а ѝ појде од рака одблиску да го запознае и Бенедикт XVI додека сѐ уште бил кардинал. Ќе остане запаментена и по последното интервју на славниот возач на формула 1, Аиртон Сена, кое го направи токму таа.

На први мај 1994 година, Бразилецот загина на трката за големата награда на Сан Марино, а Дијана двапати претходно разговарала со него.

„Го прашав зошто се крсти пред да влезе во болидот и дали знае што значи тоа. Сена секогаш ги имаше најдобрите одговори, не беше површен. Ми текнува, второто прашање беше дали верува во живот после смртта? Е, тука најмногу се задржавме. Тој имаше огромна мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди свеста кај луѓето.“

Во нејзината биографија пишува дека дури и Арнолд Шварценегер отворено ѝ се додворувал, а во една прилика раскажа дека била оптужена за распадот на „Бијело Дугме“.

„Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, нивниот клавијатурист. Беше заљубен во мене, но одеднаш се појави Бреговиќ. А, кога Горан сака нешто, тогаш и го добива. И тука настанал конфликтот помеѓу двајцата членови на бендот. А, дали Горан ме украде од Владо? Па, да!“, насмеано раскажа во едно интервју.

Дијана пред неколку години ја промовираше книгата „Дијана“ во која ги опишува пикантериите од нејзиниот љубовен живот како и дружењето со многу познати личности.

Се сеќава дека Ники Лауда се тепал поради неа, папата Бенедикт XVI ја провозел на веспата, дека ѝ се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер, но и дека разговарала со папата Јован Павле Втори, иако била „пијана и во мини здолниште“.

Денес има 59 години, веќе подолго време живее во Лос Анџелес и сѐ уште е атрактивна и убава.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Порасна на сцена, но во негова сенка: Која е сопругата на Сашо Мијалков?

Примабалерината Александра Мијалкова, како што и самата изјави во едно интервју, никогаш не се експонирала повеќе отколку што треба, а тоа важи и за нејзиниот приватен живот. Сопругата на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков, дозирано давала интервјуа уште од времето кога беше на врвот од популарноста. – Мојата суета […]