fbpx

Порасна на сцена, но во негова сенка: Која е сопругата на Сашо Мијалков?

Примабалерината Александра Мијалкова, како што и самата изјави во едно интервју, никогаш не се експонирала повеќе отколку што треба, а тоа важи и за нејзиниот приватен живот.

Сопругата на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков, дозирано давала интервјуа уште од времето кога беше на врвот од популарноста.

– Мојата суета е потполно задоволена кога сум на сцена. Мене не ми требаат дополнителни медиумски ангажмани за да биде потврдено моето постоење. Кога не е така, таа суета не е креативна туку деструктивна. Да бидам потполно искрена, мене дури и ми се смачи постојано да велат: „Ја знаеш Сандра? Која Сандра? Абе, Сандра на Сашо Мијалков!?“ Многу ретко некој ќе рече: „Сандра, примабалерината на МНТ! – објасни таа пред речиси две децении во интервју за тогашниот магазин „Старт“.

Мијалкова пријатно ја изненади јавноста кога пред две години одлучи да открие дел од својата љубовна приказна за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Призна дека осум години постариот Сашо ја освоил со шармот и во таа прилика раскажа една интересна случка која, како што изјави, никогаш нема да ја заборави.

– Бев млада, имав 18 години и за првпат тогаш добив главна улога во претставата „Епот за Гилгамеш“. Сашо тогаш не беше во Скопје, туку во Прага. На крајот, кога се поклонувавме, добив еден голем букет и телеграма од него. Чувството беше прекрасно – раскажа таа.

Со Сашо Мијалков имаат две деца, синовите Јордан и Александар.

„Тие се веќе големи, но многу ме почитуваат, а јас сум им како постара сестра. Отворено разговарам со нив и за проблемите и за девојките“, изјави Мијалкова во едно интервју.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Учев повторно да одам, мајка ми ме бањаше: Вања проговори за траумата

Српската пејачка Вања Мијатовиќ во емисијата „Пулс Србије“ се присети на сообраќајната несреќа од пред осум години во која беше потешко повредена. „Бог ме спаси, ме исправи на нозе, иако можев да останам неподвижна до крајот на животот. Таа вечер во 2013 година со колегите се враќавме од хуманитарен концерт, […]