fbpx

(ФОТО) Нејзината убавина ќе ве маѓепса: Ќерката на Аница Добра е кукла

Ќерката на славната српска актерка Аница Добра не само што личи на својата мајка, туку и одбра иста професија.

Мина Совтиќ има 25 години и студира на Факултетот за драмски уметности во класата на Драган Петровиќ.

Јавноста веќе ја препознава по сериите „Дуг мору“, „Корени“ и „Убице мог оца“.

Препознатлив е и нејзиниот глас во неколку анимирани играни филмови синхронизирани на српски јазик.

– Не знам дали е лесно или тешко, се’ има предности или мани. Најважен е балансот – изјави Мина кога ја прашаа дали тоа што е ќерка на позната актерка ѝ помага или ѝ одмага во градењето на кариерата.

Нејзиниот татко, бизнисменот Миодраг Совтиќ, речиси и да не се појавува во јавноста.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Учев повторно да одам, мајка ми ме бањаше: Вања проговори за траумата

Српската пејачка Вања Мијатовиќ во емисијата „Пулс Србије“ се присети на сообраќајната несреќа од пред осум години во која беше потешко повредена. „Бог ме спаси, ме исправи на нозе, иако можев да останам неподвижна до крајот на животот. Таа вечер во 2013 година со колегите се враќавме од хуманитарен концерт, […]