fbpx

Учев повторно да одам, мајка ми ме бањаше: Вања проговори за траумата

Српската пејачка Вања Мијатовиќ во емисијата „Пулс Србије“ се присети на сообраќајната несреќа од пред осум години во која беше потешко повредена.

„Бог ме спаси, ме исправи на нозе, иако можев да останам неподвижна до крајот на животот. Таа вечер во 2013 година со колегите се враќавме од хуманитарен концерт, патарината не беше завршена и осветлена, беше темница и се’ беше против нас. Стефан Петрушиќ го управуваше возилото и никој не беше пијан. За да го избегнеме бетонскиот ѕид се судривме. Јас седев на задното седиште и бев најмногу повредена. Знам дека една девојка загина на истото место и тоа до денес за мене е една голема траума – раскажа Вања.

Процесот на опоравување траел шест месеци.

– Не можев да станам. Пет недели мајка ми ме бањаше и тоа во собата каде што лежев. Учев повторно да одам, носев мидер, се’ од почеток. Тогаш имав време убаво да размислам колку всушност ние имаме, а воопшто не сме благодарни – изјави пејачката.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ВИДЕО) Марјан седи со Сара на маса, ѝ го покажува телефонот, па ја убива

Вознемирувачко видео на кое се гледа саботното убиство на 27-годишната Сара А. објави српски „Информер“. (ВИДЕО) Марјан се самоуби: Дајте ми чаша вода, да не одам жеден на оној свет На видеото од безбедносните камери на бензинската пумпа во Врање се гледа како осомничениот Марјан С. (47) седи на маса […]