fbpx

Го моли за вакцина: Д-р Горан Николов му се обрати на Филипче

М О Л Б А

Почитуван министре за здравство доцент др Венко Филипче, почитувани помлади колешки и колеги!

Доколку некои од Вас од разно-разни причини не сака да ја прими, односно се откажува од вакцината за COVID 19, ако е можна замена, јас др Горан Николов лекар специјалист интернист-кардиолог се пријавувам и би прифатил да се вакцинирам.

Патем мора да напоменам дека водејќи го ПЗО СРЦЕ и работејќи цело време од почетокот на пандемијата без прекин, а мојата возраст се полни 65 години, е причината за ова мое јавно обраќање кон Вас колеги.

Конечно и ние вработените во приватниот здравствен сектор заедно со сите Вас ја споделуваме и превземаме дел од работата на Јавното здравство во справувањето со другите заболувања.

Скопје, 25.2.2021 год.

Фејсбук-статус на д-р Горан Николов

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Соња скршена од болка: Почина ќерка ѝ Зорана, имаше само 40 години

Познатата радиоводителка Соња Шаруниќ поминува низ најтешкиот период во животот. Нејзината ќерка Зорана пред една година ја загуби битката со ракот и почина на само 40 години. Зад себе остави сопруг и две деца. Соња била силно поврзана со својата ќерка, а во едно постаро интервју изјави дека функционираат како […]