Ацо Пејовиќ речиси никогаш не се појавува во јавноста со своите ќерки. Ги има дури три, ги споменува во интервјуата, но Марија, Магдалена и Ива не сакаат да позираат пред фоторепортерите.
– Со сопругата Билјана се обидовме да ги воспитаме правилно, да им ги доближиме вистинските вредности, да разликуваат што е добро, а што лошо. Денеска сме само овде за нив да ги поддржиме во нивните одлуки. Се радувам што имаме три прекрасни дами – изјави пејачот во една прилика.
Српските медиуми сега објавија фотографија од неговата ќерка Марија која студира медицина и може да заклучиме дека е вистинска убавица.
Гордиот татко неодамна ја награди со патување во Америка, а за 18-тиот роденден ѝ подари и автомобил.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.