fbpx

Господе, сè е во твои раце: Милица Кузмановска заврши во болница

Познатата фолк-пејачка Милица Кузмановска по 20 дена изолација и лекување од Ковид-19, поради компликации од вирусот на крај завршила во болница, а имала и оперативен зафат, им откри на своите следбеници.

„Се прашувам себеси, колку може да издржи еден човек, една жена барајќи сила во сопствената немоќ. Секогаш повеќе од тоа што знае и од очекуваното, остана уште еден предизвик пред мене, ама не се давам. Многупати сум се кренала од пепелта како Феникс, а овојпат се кренав од многу пепел. Благодарам Господе за овој живот, секогаш се’ било и ќе биде во твои раце“, напиша, меѓу другото, Кузмановска.

Пејачката вели дека убавата страна на ова непријатно животно искуство е што за време на престојот во болница запознала неколку исклучителни силни жени со кои го прославила излегувањето на нејзиното ново цеде.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Жените на Веља Невоља: Позната старлета ги перела крвавите пари

Постојат индиции дека позната српска старлета ги легализирала крвавите пари кои Веља Невоља ги заработувал од нелегалните бизниси со дрога, но и од рекет и изнуди. Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља На девојката на која засега тамошните власти не ѝ го откриваат идентитетот, веќе била […]