Полицијата во рамките на финансиската истрага против Вељко Беливук (35), многу попознат како Веља Невоља, на информативен разговор повикала и директорка на еден печатен медиум поради сомневање дека за криминалната банда перела пари, дознава „Информер“.
Монструозни дела, распарчени тела: Дали го знаете ова за Веља Невоља?
Од станот на оваа девојка се запленети лаптопи, телефони, банкарски картички и целокупната документација на нејзината фирма која е пронајдена за време на претресот.
Освен неа, сослушани се и една позната старлета и уште една жена, бидејќи постојат индиции дека Веља Невоља и преку нив го легализирал кешот кој го заработувал од дрога, рекет и изнуди.
Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
Десна рака на Веља Невоља: Кој е човекот кој сечел луѓе и ги топел во киселина?
Вистинска паника владее и во естрадните кругови по апсењето на Невоља. Наводно, во неговиот телефон се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.