Американската актерка Шенон Доерти (49) која веќе шест години се бори со рак на дојка, конечно е фотографирана во јавност.
Папараците ја начекаа пред влезот на еден трговски центар во Лос Анџелес.
Судејќи по фотографиите, ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ изгледа далеку подобро, иако не делува расположено.
Таа пред неколку месеци ја откри лошата вест дека повторно ѝ се вратил канцерот и тоа во уште посилен, четврт стадиум.
Светските медиуми информираа како легендарната Бренда се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт.
Шенон дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.