Британскиот печат беше токсичен и го уништуваше моето ментално здравје, вели принцот Хари кој првпат отворено проговори за напуштањето на кралското семејство во шоуто на Џејмс Корден.
Хари негира дека е во лоши односи со најблиските. Напротив, како што вели, постојано комуницираат на Зум, апликација која откри дека знае да ја користи и неговата баба, кралицата Елизабета Втора.
– Го направив тоа што ќе го направеше секој маж и татко. Морав да го заштитам семејството – вели тој.
Принцот Хари даде свое мислење и за мегапопуларната серија The Crown која се прикажува на „Нетфликс“, а во која брутално е прикажана историјата на неговото семејство. Откри и дека би сакал неговиот лик да го глуми реномираниот актер Дамијан Луис.
Хари во едно прилично опуштено издание на Late Late Show кое се снимаше во Лос Анџелес призна и дека после вториот состанок сфатил дека Меган Маркл е вистинската жена за него, а откри и дека кралицата на нивниот син Арчи за Божик му подарила апарат за вафли.
Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.