fbpx

Жените на Веља Невоља: Позната старлета ги перела крвавите пари

Постојат индиции дека позната српска старлета ги легализирала крвавите пари кои Веља Невоља ги заработувал од нелегалните бизниси со дрога, но и од рекет и изнуди.

Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља

На девојката на која засега тамошните власти не ѝ го откриваат идентитетот, веќе била повикана на информативен разговор и истрагата допрва ќе утврди дали и за неа ќе биде побаран притвор.

Поради истото сомневање, во рамките на финансиската истрага против Вељко Беливук (35) е сослушана и директорка на еден печатен медиум. Од нејзиниот стан се запленети лаптопи, телефони, банкарски картички, но и целокупната документација на нејзината фирма која е пронајдена за време на претресот.

„Оваа девојка долго време работи во медиуми, но на нејзино име се отворени неколку фирми. Беливук очигледно имал целосна доверба во неа, бидејќи преку нејзините фирми пуштал во оптек големи суми“, вели извор од истрагата.

Драматично: Нови детали за тајните простории на Веља Невоља

Неваља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Збогум добар човеку: Гитаристот Предраг почина од корона

Од последици на Ковид-19 денеска почина гитаристот Предраг Тошовиќ-Пеѓа. Докажаниот музичар свиреше во повеќе познати српски бендови, а последните години беше дел од групите „Директори“ и „Сајси“. Од Предраг се простија и членовите на култниот состав „Партибрејкерс“. Емотивни посвети за Тошовиќ на социјалните мрежи пишуваат и други негови колеги. „Збогум […]