Познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески објави емотивен пост со синот Маркијан по повод светскиот Ден на ретките болести.
„Не можете ни да си замислите низ што се’ поминуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. 75% од лицата со ретка болест се деца“, напиша Ребека под видеото на кое нејзиното дете интерпретира рефрен од Калиопи.
По неполн час, македонската поп-дива го реобјави видеото и на нејзиниот официјален фејсбук-профил.
„Маркијан, убавецу! Будиш радост и надеж во срцево! Кога сите би имале љубов во себе како тебе, светот би бил поубав.. Те сака Опи“, напиша Калиопи.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.