Лепа Брена со трогателна посвета се прости од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој почина вчера на 66-годишна возраст.
Таа на „Инстаграм“ сподели фотографија од нив двајца и откри дека нивното последно дружење било непосредно пред трагичниот настан.
“Драг наш Милан, ни беше огромна чест и задоволство да те познаваме и да се дружиме со тебе. Секогаш беше единствен и ја поседувавше таа големина секогаш да учиме многу од тебе. За жал, поминаа само неколку часа од нашето последно дружење и од твојот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството. Почивај во мир, нека ти е вечна слава. Брена и Бобо“, напиша легендарната пејачка.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.