Еден од најдобрите македонски пејачи, Наум Петрески, со изјавата дека едвај преживува направи вистинска галама на социјалните мрежи.
Петрески во естрадниот магазин „Бекстејџ“ се пожали дека поради пандемијата изгубил преку 70.000 евра и дека живее од платата на сопругата и од пензијата на мајка си.
По ова негово интервју, мал дел од јавноста покажа разбирање за состојбата со која се соочуваат домашните уметници, но доминираат оние со остри критики кои му порачаа да си најде друга работа и го потсетија дека има луѓе кои навистина едвај преживуваат.
Некои дури се сетија на неговото ланско гостување во шоуто „Еден на еден“ каде отворено зборуваше за најголемиот бакшиш кој го добил во кариерата.
– Многу одамна беше тоа. Во Вевчани ми се случи, во мало ресторанче кое го држеше мој пријател и сват. Не’ повика, имаше гости и од Србија.. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци – се пофали Наум минатата година.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.