Тазе брачна двојка. Мажот ѝ приоѓа на жената и ѝ вели:
– Мила, сега сме во брак, па време е да разговараме за правилата во нашето семејство. Да немаме непотребни конфликти, имам само три правила кои треба да се почитуваат во оваа куќа.
Жената внимателно слуша, па мажот продолжува:
– Прво, секоја среда со другарите играм фудбал. Без разлика на временските услови, тоа е мојот риуал. Второ, секој петок со пријателите одам во кафеана. И трето, без разлика дали некој близок има роденден или излезе нешто друго непредвидливо, секоја сабота одам по риба. Дали е јасно?
Жената потврдно му одговорила. Мажот продолжил со неверување:
– Само тоа? Немаш никаков приговор? Или можеби и ти си имаш свои правила?
Жената се насмевнала и му рекла:
– Сѐ е во ред. Што се однесува до правилата, јас имам само едно. Секој ден во десет навечер водам љубов. Дали мојот маж е дома или не, мене апсолутно ми е сеедно. Тој термин ми е предвиден за секс!