Поминаа точно две години од смртта на долгогодишната новинарка и радиоводителка Дивна Карлеуша која почина на 61-годишна возраст од канцер на белите дробови.
Нејзината славна ќерка, српската ѕвезда Јелена Карлеуша, со емотивна посвета се сети на мајка си.
„Само ќе ги затворам очите и тука си. Ќе ти го слушнам гласот и се’ е ок. Не грижи се, те сакам“, напиша таа под фотографијата за која откри дека е направена во болница, додека Дивна чека да прими хемотерапија.
„Кој ја познаваше мајка ми, знае дека таква жена не се опишува со зборови. Секогаш беше насмеана, за никој да не види колку ѝ е тешко. Таа беше мојата љубов, мојот борец, моето засолниште од зло, мојот мир.. Секој мој успех беше поради неа, да биде горда“, напиша, меѓу другото, Јелена.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.