fbpx

Неочекуван пресврт: Генијален потег на Беливук

Вељко Беливук (36) на генијален начин успевал да одбегне билска средба со српската полиција. Популарниот Веља Невоља во својот возен парк имал два автомобила марка „Ауди“, идентични како оние на директорот на полицијата Владимир Ребиќ. Тој дури се сетил да направи и идентични регистарски таблички како оние на првиот човек на министерството за внатрешни работи.

Жените на Веља Невоља: Позната старлета ги перела крвавите пари

– Никој не можеше да му застане на патот. Сите мислеа дека се работи за службено возило. Табличките кои им се даваат на вработените во полицијата кои се на високи функции се бришат од системот, а кога возилото е во движење никој нема право да го застане, бидејќи по регистрацијата е уочливо дека во истото се наоѓа некој висок функционер – вели извор запознаен со истрагата.

Веља Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Вистинска паника владее и во естрадните кругови по апсењето на Беливук. Наводно, во неговиот телефон се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.

Фото: Зорана Јефтиќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Врски со естрадата, ѕверски убиства: Сите монструозни дела на Веља Невоља

Поминаа повеќе од три недели од апсењето на Вељко Беливук и дваесет негови блиски соработници, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства. Жените на Веља Невоља: […]