Поминаа повеќе од три недели од апсењето на Вељко Беливук и дваесет негови блиски соработници, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
Жените на Веља Невоља: Позната старлета ги перела крвавите пари
Српските медиуми секојдневно пишуваат за нови детали од истрагата, а јавноста се’ повеќе се згрозува од монструозните дела кои му се препишуваат на Вељко Беливук и на неговите соработници.
Уапсениот Вељко во повеќе прилики го поврзуваа и со луѓе од естрадата, меѓу кои се и соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој штотуку излезе од притвор, а најмногу со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе, но и со атрактивната поп-ѕвезда Ана Николиќ. Линкот со неа е обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Беливук.
Во тајните простории на стадионот Партизан каде всушност и се одвиваше апсењето, полицијата пронајде снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена.
Неочекуван пресврт: Генијален потег на Беливук
Покрај оружјето, пронајдена е и извесна количина на наркотици, како и материјални и биолошки докази за сторени криминални дела.
Српските власти се сомневаат дека Невоља, Марко Миљковиќ и останатите членови на криминалната банда просториите на Партизан ги користеле за монструозни измачувања. Извори блиски на истрагата открија дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив. „Србија данас“ напиша дека за разлика од Веља, Маре пораснал во релативно стабилно семејство со родители вработени на добри позиции во администрацијата.
„Курир“, пак, претходно објави и фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле малтретирани жртвите.
Фото: Зорана Јефтиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.