fbpx

Одби лекување за да го роди Никола, почина по 40 дена: Приказната за Јелена ќе ви го стегне срцето

Тажната животна приказна на Јелена Трикиќ од Дрвар која почина во 2012 година се’ уште се прераскажува. Таа одби лекување со силни цитостатици на тумор на мозок за да се реализира како мајка.

Иако болна, роди здраво бебе, на овој свет го донесе синот Никола. Почина по 40 дена, а целиот регион ја препознава како Мајка на храброста.

Фондацијата „За живот“ во Бања Лука дури иницираше пред тамошниот Клинички центар да биде поставена биста во нејзина чест.

„Се сеќавам, беше Ѓуговден кога дојдоа кај нас. Тогаш ми кажа дека е бремена, дека ќе станам баба. Бев среќна. Кога остана трудна, беше комплетно здрава. Дури во шестиот месец од бременоста почнаа нејзините здравствени проблеми“, раскажува Милкица, мајката на Јелена.

Тогаш забележале дека нешто не е во ред. Била малаксана и постојано спиела.

„Кога ни ја соопштија дијагнозата, ни кажаа дека апсолутно нема никаква надеж“, со кнедла во грлото се присетува Горан, сопругот на Јелена.

Лекарите ѝ предложиле терапија со зрачење за да ја спасат, но ќе морала да се откаже од бебето.

„Јелена врзана за кревет категорично ги одби. Не сакаше да ја прифати реалноста, не сакаше да се откаже од нашето дете. Здравствените работници се чудеа како воопшто е свесна“, раскажува нејзината мајка.

Морала предвреме да се породи и така и се случило.

„Се роди Никола. Таа му го даде името, бидејќи се имаше заколнето пред иконата со Свети Никола дека ако роди син, ќе го носи тоа име“, открива нејзиниот сопруг.

Кога ѝ го донеле бебето, Јелена била пресреќна, како да немала никаква болест.

„Без оглед на песимизмот на лекарите, без оглед на прогнозите, верував во чудо. Дури кога умре, кога остана без здив, станав свесен дека останав без неа. Тоа што таа го направи е најголема жртва. Најголемата суштина на христијанството е да го дадеш животот за друг. Јелена почина 40 дена по породувањето“, раскажува Горан.

Никола денес има осум години. Вели дека многу му недостасува мајка му и дека секој ден црта во нејзина чест. Често црта како е таа со нив во куќата и како заедно си играат.

„Мојата мајка била најубава“, вели Никола.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова го може само монструм: Нови шокантни сознанија за Беливук

Според досегашната истрага, српските медиуми пишуваат дека се’ поизвесно е дека Вељко Беливук и неговата криминална банда ги снимале сите ѕверски убиства кои им се припишуваат. Тортура, отсечени глави, топење на тела во киселина и други слични монструозни дела досега можеа да се видат само на страшните пропагандни видеа на […]