fbpx

Неочекуван пресврт: Овие две старлети ќе му пресудат на Веља Невоља

Полицијата дошла до нови докази против Веља Невоља, откако кај две приведени девојки се пронајдени ужасни фотографии од монструозните убиства на неговата криминална банда, пишува српска „Република“.

Станува збор за Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро, таканаречени старлети кои често ги има во медиумите.

На сослушувањето, кај една од нив наводно се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите. Извор на истрагата брифира дека на сликите се исчезнатите и брутално убиени навивачи Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ, како и Милан Лепоја, припадник на криминалната банда „Пинк Пантер“.

Тијана Ајфон и Мими Оро наводно биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари.

Ова го може само монструм: Нови шокантни сознанија за Беливук

Српските медиуми потсетуваат дека Тијана Ајфон била верена со Милован Тадиќ кој е уапсен заедно со Неваља на 4 февруари. Тој важи за еден од неговите најблиски соработници и е шеф на неговото обезбедување. И по нивното раскинување, старлетата наводно ја продолжила соработката со Беливук.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Задушница: Никако не правете ја оваа грешка!

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден […]