Јелена Ѓуретиќ, онколошки пациент и мајка на две девојчиња, ја загуби битката со тешката болест.
Јелена имаше карцином на дебелото црево кој метастазира и на црниот дроб. За Јелена неодамна го кренаа гласот многу луѓе во Црна Гора кои почнаа да собираат средства за нејзино понатамошно лекување во Турција и таа преку ноќ го обедини целиот Балкан на социјалните мрежи.
Тажната вест за нејзината смрт ја објави нејзиниот брат Блажо Пекиќ.
„Драги роднини, пријатели, сите вие кои ни дадовте огромна поддршка во борбата со опаката болест, ве информирам дека Јелена, за жал, не издржа и почина утринава. Уште едно големо благодарам на сите кои дадоа свој придонес“, напиша тој.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.