Оскаровецот Николас Кејџ (57) се ожени по петти пат. Холивудскиот актер стапи во брак со неговата 26-годишна девојка Рико Шибата.
Двојката се одлучи за интимна венчавка во Лас Вегас која се случила уште на средината на февруари, но фотографиите дури сега се појавија во медиумите.
Особено впечатлив е аутфитот на младенците. На „Твитер“ веќе наголемо се коментираат и уникатните чевли на актерот.
Николас ја запозна Шибата пред две години во Јапонија. Интересен е и моментот што таа е четири години помлада од неговиот најстар син Вестон.
Кејџ претходно беше во брак со актерката Патриша Аркет, со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари Присли, со Алис Ким и со Ерика Коике со која се разведе по само два месеца.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.