fbpx

Нема веќе такви како тебе: Трогателни зборови по смртта на Борис

По тешко боледување, синоќа на 64-годишна возраст почина актерот Борис Комнениќ.

Беше првенец во Народниот театар во Белград, а публиката засекогаш ќе го памети како Саша Гуза Попадиќ од култната југословенска серија „Подобар живот“.

Колегите со потресни зборови се простуваат од Комнениќ. Меѓу нив и понзатиот актер Андрија Милошевиќ.

„Каде заминуваат сите тие луѓе? Не заминуваат. Тогаш зошто си тажен? Тажен сум бидејќи моето детство заминува“, напиша тој на „Инстаграм“.

Со трогателна посвета од Борис се прости и српската актерка Милица Милша.

„Драг мој Борис, не можам и не сакам да верувам дека си замина. Неподнослив станува овој живот без драги луѓе. Ти беше мојот прв телевизиски вереник, во првата серија која ја снимив „Подобар живот“. Секоја средба со тебе ми носеше радост и насмевка, сите проби за претстави поради тебе беа посебни, секое играње со тебе беше празник. Диховит, образуван, луциден, посебен, ќе му недостигаш на овој свет.. Нема веќе такви како тебе“, напиша таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

 

Следни Објави

Беше во брак со Мис на Југославија, па се вљуби во 23 години помлада: Животот на Сања Илиќ

Познатиот музичар Александар Сања Илиќ (70), основачот на групата „Балканика“, почина денеска од последици на Ковид-19, јавуваат српските медиуми. Творештвото на Илиќ беше интересно и за многу македонски фанови, па пред неколку години ја доби и наградата за животно дело на фестивалот „Охрид фест“. Со песната „Нова деца“, Илиќ со […]