По седницата на Советот за национална безбедност, српските власти конечно покажаа вознемирувачки фотографии од монструозните убиства за кои се сомничи Вељко Беливук со неговата кримнална банда.
Јавноста имаше можност во живо на националниот сервис да види повеќе слики со експлицитна содржина со предзнакот дека не треба да ги гледаат лица под 18 години.
Неочекуван пресврт: Овие две старлети ќе му пресудат на Веља Невоља
Извор на истрагата брифира дека на дел од фотогрфиите се исчезнатите и брутално убиени навивачи Здравко Радојевиќ и Горан Величковиќ, како и Милан Лепоја, припадник на криминалната банда „Пинк Пантер“.
Многумина тврдат дека зад монструозните дела во кланот стои Марко Миљковиќ Маре, човекот кој наводно бил десна рака на Невоља. Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.