fbpx

Сакав да се самоубијам: Меган Маркл брутално искрена кај Опра

Не сакав повеќе да живеам. Беше страшно, констано мислев на тоа, тие мисли ме прогонуваа секоја ноќ, не беше тоа апстрактна идеја. Бев депресивна и помислував на најлошото.

Ова предмалку го изјави Меган Маркл во долгоочекуваното интервју на Опра Винфри кое се’ уште е во тек.

Поранешната војвотка од Сасекс конечно проговори за кралското семејство и како што гледачите прогнозираа, таа упати низа сериозни обвинувања кои дефинитивно ќе ја разбрануваат јавноста не само во Велика Британија.

Маркл отворено раскажа зошто нејзиниот син Арчи не ја добил очекуваната титула обвинувајќи ја кралицата Елизабета и нејзиното семејство за расизам.

Таа проговори и за односот со Кејт Мидлтон и за приказната дека таа ја расплакала сопругата на Вилијам на денот на кралската венчавка. Меган кажа дека тоа не е вистина и дека во солзи всушност била таа, а не Кејт.

„Неколку дена пред венчавката бев вознемирена поради нешто што се однесуваше на фустаните на девојчињата кои носеа цвеќиња. Тоа ме расплака, навистина ги повреди моите чувства. Мислам дека не е во ред кон нејзе да навлегувам во детали, бидејќи таа ми се извини“, рече Меган и додаде дека Кејт е добра линост.

Меган и Хари ексклузивно во ова интервју открија и дека очекуваат девојче, откако неодамна признаа дека по вторпат ќе станат родители.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Семејна трагедија: Откриена најголемата тајна на Веља Невоља

Вељко Беливук крие голема семејна трагедија која конечно излезе во јавноста Популарниот Веља Невоља обвинет за повеќе монструозни дела влече трауми уште од најрана возраст, дознаваат српските медиуми. Кога имал само девет години, неговиот татко Небојша извршил масакр во семејниот стан кога активирал рачна бомба. Немилиот настан во кој настрадале […]