fbpx

Семејна трагедија: Откриена најголемата тајна на Веља Невоља

Вељко Беливук крие голема семејна трагедија која конечно излезе во јавноста

Популарниот Веља Невоља обвинет за повеќе монструозни дела влече трауми уште од најрана возраст, дознаваат српските медиуми.

Кога имал само девет години, неговиот татко Небојша извршил масакр во семејниот стан кога активирал рачна бомба. Немилиот настан во кој настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана се случил на 13 февруари 1995 година.

Во станот бил и Беливук со уште едно дете, но тие преживеале. Како што пишувале тогаш медиумите, страшната експлозија одекнала точно во 19 часот.

Невоља и самиот зборуваше дека е израснат без родители. Негови блиски соработници во една прилика раскажале дека тој бил немилосрден кон еден телохранител кога истиот со погрдни зборови ја прозивал неговата мртва мајка.

Неочекуван пресврт: Овие две старлети ќе му пресудат на Веља Невоља

Вељко Беливук и неговите соработници се во притвор осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Пред само два дена српските власти дури покажаа и вознемирувачки фотографии од монструозните убиства за кои се сомничат тие.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вистинска принцеза: Само таа не ѝ сврте грб на Меган

Не стивнуваат реакциите по синоќешното контроверзно интервју на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри. Сакав да се самоубијам: Меган Маркл брутално искрена кај Опра Медиумите сега дополнително се заинтересираа за животот на поранешната војвотка од Сасекс. US Weekly објави дека и покрај тоа што Меган отсекогаш важела за […]