fbpx

Трауми од детство, монструозен ум: Животот на Веља Невоља

Последните два месеца, Вељко Беливук многу попознат како Веља Неваља е најозборуваната личност на овие простори.

Озогласениот криминалец на кој му се припишуваат ѕверски убиства кои досега беа поврзувани само со мексиканските нарко-картели и со исламските терористи, сериозно ја вознемири јавноста.

Медиумите почнаа секојдневно да копаат во минатото на Невоља, а последна работа која ја открија е големата семејна тајна која ја знаеле само неговите најблиски соработници.

Кога имал само девет години, неговиот татко извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои се’ уште е чудно како преживеале.

На социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава. На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Ова никој не го очекуваше: Нови шокантни сознанија за Веља Невоља

Истрагата покажа дека на Беливук слабост му биле атрактивни жени. Повеќе старлети се осомничени дека одработувале за него, наводно пренесувале дрога, но и переле пари. Меѓу нив се и приведените Тијана Максимовиќ и Милица Живановиќ, познати како Тијана Ајфон и Мими Оро кои често ги има во медиумите.

Беливук сакал да се дружи со познати личности, а наводно во неговиот телефон се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шокантен пресврт: Проговори таткото на Меган Маркл

По контроверзното интервју на Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари, експресно се огласи таткото на поранешната војвотка од Сасекс. Томас Маркл гостуваше во емисијата Good Morning Britain и даде свое видување на настаните кои дефинитивно сериозно ќе се одразат на кралското семејство. Обвинувањата за расизам од страна на […]