Не стивнуваат реакциите по синоќешното контроверзно интервју на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри.
Сакав да се самоубијам: Меган Маркл брутално искрена кај Опра
Медиумите сега дополнително се заинтересираа за животот на поранешната војвотка од Сасекс. US Weekly објави дека и покрај тоа што Меган отсекогаш важела за „црна овца“ во кралското семејство, сепак постои една личност од монархијата која наводно никогаш не ѝ свртела грб и со која и денеска е во контакт.
Станува збор за принцезата Јуџин, внуката на кралицата Елизабета и ќерка на принцот Ендрју.
„Дополнително се зближија во текот на бременоста. Маркл објави дека го очекува второто дете речиси во исто време кога принцезата Јуџин првпат стана мајка. Освен тоа, и двете судбоносното „ДА“ го кажаа во 2018 година“, вели извор близок до кралското семејство.
Фото: Пјур Вау
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.