Еден од омилените пејачи на овие простори, Сергеј Ќетковиќ (45), поминува низ исклучително тежок период откако пред два дена неговата мајка Драгица почина од последици на Ковид-19.
Погребот се случил вчера на осми март, токму на неговиот роденден.
Српските медиуми јавуваат дека и неговиот татко Слободан е хоспитализиран, исто поради коронавирус. Позитивна е и неговата сопруга Кристина, но со поблаги симптоми.
Мајката на Ќетковиќ по занимање беше фармацевт, а неговиот татко е поранешен шампион во рели.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.