По контроверзното интервју на Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари, експресно се огласи таткото на поранешната војвотка од Сасекс.
Томас Маркл гостуваше во емисијата Good Morning Britain и даде свое видување на настаните кои дефинитивно сериозно ќе се одразат на кралското семејство.
Обвинувањата за расизам од страна на неговата ќерка тој ги нарече глупост, но и кажа дека секогаш ќе ја сака, без оглед на се’.
„Вели дека сум ја изневерил, но и таа ме изневери мене. Суштината е дека не ме изгуби, иако таа смета така. Секогаш би бил овде за неа, сите грешиме“, вели таткото на Меган.
Сакав да се самоубијам: Меган Маркл брутално искрена кај Опра
Тој не пропушти можност да го искоментира и патувањето на неговиот зет Хари во Лас Вегас кога беше фотографиран гол како игра билјард или кога облече нацистичка униформа кога имаше 20 години.
Господин Маркл нагласи и дека „сто пати“ ѝ се извинил на ќерката поради договорот со папараците пред кралската венчавка во 2018 година и ги повика Меган и Хари да се видат сега кога живеат на само 70 километри од неговата куќа во Мексико.
Вистинска принцеза: Само таа не ѝ сврте грб на Меган
Томас беше прашан и за писмото кое Меган му го испратила по венчавката, а за кое таа води правна битка со британските таблоиди.
„Јас бев тој кој објави дел од писмото. Тоа го направив затоа што медиумот правеше приказна за мене. Пријателите на Меган зборуваа лаги за мене. Тогаш ми проработи суетата и морав да им вратам. Поради освета открив дел од писмото, но не и целата содржина. Да го направев тоа, ќе бевте сведоци на нешто страшно“, појасни тој.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.